Валкан ум, мрачни тајни и секси зборови кои излегуваат како порој од устата. Некои едноставно го имаат тоа во себе и умеат да бидат секси со мала доза перверзија без премногу труд, а пак другите се премногу пуритански настроени.

Или такви се прикажуваат само во јавност?

Дознајте колку сте перверзни според хороскопскиот знак, а рангирањето започнува од највисоко кон последното, најниско место:

Стрелец

Сексот им е секогаш во паметот. Стрелците имаат некоја уникатна способност секој обичен муабет да го свртат во сексуална конотација.

Обожаваат да кажуваат „мрсни“ вицеви и безобразни шеги. Откако спиеле со некого, одвај чекаат да им ги раскажат на пријателите сите интересни детали.

Мажите Стрелци особено сакаат да се фалат со своите „подвизи“ во спалната соба.

Јарец

Не им е гајле што другите луѓе мислат и зборуваат за нив, па токму затоа Јарците и никогаш не го менуваат својот карактер и навиките врз основа на тоа кој се наоѓа во нивната близина.

Махинално пцујат пред домашните, професорите или пак директорите – и не размислуваат многу за ваквото однесување.

Сепак, тоа е дел од нивниот карактер и им доаѓа сосема природно. Доколку некому не му се допаѓа како се изразува еден Јарец, сè што тој си помислува е – Гони се!

Овен

Постојано ја преминуваат границата со своите несолени шеги и премногу детално раскажуваат за сопствениот сексуален живот.

Не сфаќаат дека на другите можеби им е непријатно во овие ситуации додека не стане премногу доцна, бидејќи на Овенот ниту на крај памет не му е да се самоцензурира додека зборува.

Но, Овните затоа ги почитуваат мислењата на другите и брзо умеат да се извинат доколку сфатат дека не е ниту времето ниту местото погодно за „валкани“ муабети.

Скорпија

Сакаат да кажуваат валкани шеги. Сакаат да слушаат „зачинети“ приказни. Скорпиите имаат високо либидо, удобно им е во сопствената кожа и сексуалноста, па никогаш не се срамат да дискутираат што се случува под чаршафите во спалната соба.

Всушност, тие ги жалат луѓето кои се срамат да зборуваат на овие теми. Скорпиите силно посакуваат секој да се прифати онаков каков што е и да ги ослободи своите сексуални инхибиции.

Девица

Имаат многу погана уста и уште помрачен, валкан ум, но може да ги исклучат и двете ако се сконцентрираат. Ова особено важи доколку се на некој формален настан или во кругот на семејството.

Но, кога Девиците се околу пријателите тогаш се опуштаат и нивната сексуална аура блеска. Некои од работите коишто ги кажуваат се прилично секси и перверзни.

Риби

Рибите имаат прилично перверзен ум, но се внимателни кога се околу нови луѓе. Тие постојано се колебаат дали некој пријател им е доволно близок за да може да се опуштат и да ги нарекуваат со смешни имиња или да шпекулираат дали би спиеле со нив.

Едноставно, Рибите не сакаат да ја преминат оваа граница премногу рано. Сакаат да станат блиски со некого и целосно да се опуштат пред да станат непристојни со нив.

Водолија

Кога се трезни, Водолиите се дефиниција за елеганција. Но, само што ќе се напијат тие се претвораат во сосема поинаква личност.

Личност која сака да флертува. Некој кој пцуе полошо од најневоспитаниот човек. Тогаш не се колебаат да зборуваат колку многу се „запалени“ или колку долго немале секс или што сè би дале само за еден оргазам.

Лав

Лавовите имаат прилично изопачен ум, но го покажуваат само пред најблиските пријатели, бидејќи прилично многу им значи сопствениот имиџ, па се обидуваат да ја зачуваат совршената слика за себе по секоја цена.

Не сакаат да изгледаат лошо пред претпоставените или колегите, па се однесуваат најдобро што можат.

Никогаш нема да стават фотка од себеси како пијат на Инстаграм или да објават нешто непристојно на Твитер. Внимателни се во поглед на тоа како другите околу нив ги доживуваат.

Вага

Имаат валкан ум, но никој околу нив не го знае ова. Своите мисли си ги чуваат само за себе и за никој друг. Вагите се таков тип на луѓе што се извинуваат доколку кажат нешто непристојно пред некого.

Тие мислат дека сите се невини и наивни како нив, а вистината е дека никој не е таков, дури ни тие самите, иако се обидуваат да се уверат дека се фини и пристојни.

Близнаци

Многумина ќе се изненадат од оваа констатација, но Близнаците се прилично кротки по однос на ова прашање. Во споредба со нивните пријатели тие не кажуваат ништо навредливо или експлозивно.

Смислата за хумор им е пристојна и суптилна. Шегите им се повеќе хумористични, отколку валкани. Немаат потреба да кажат ништо во сексуална смисла за да измамат насмевка кај „публиката“.

Бик

Сакаат да слушаат „мрсни“ шеги, но не и да ги раскажуваат. Истото се однесува и за нивниот сексуален живот.

Со задоволство ќе ислушаат сè што имаат да кажат нивните пријатели, но никогаш нема да ви оддадат никакви детали од својата интима. Биковите сметаат дека некои работи се приватни и треба да останат само за себе.

Рак

Резервирани се. Конзервативни. Раковите ценат фин, воспитан хумор, наместо шеги кои вклучуваат прдење и гениталии. И не сакаат да зборуваат за секс со апсолутно никого.

Дури и кога зборуваат за сексот со сопствениот партнер се чувствуваат засрамено и по малку непријатно. Од сите знаци во хороскопот, Раковите се најпристојни, со најмалку погана уста и најмалку перверзен ум.