Истражувањето на порталот „Family Circle“ за сек*от во кое учествувале 553 мајки на различна возраст, дошло до неверојатни и шокантни резултати.
Се покажало дека 32 проценти од мајките, кои имаат постојан партнер и барем едно дете, немале сек*уални односи и по неколку години.
Но, тука не завршува лошата статистика. Дури 36 отсто од жените откриле дека од последниот нивен се*с поминале неколку месеци, 27 проценти изјавиле дека минале неколку недели, а само пет проценти имале сек*уални односи во последните неколку дена.
Експертите предупредуваат дека, иако жените се претрупани со обврски што го отежнува уживањето во сек*уалните активности, толку долги паузи може да бидат лоши како за односот со партнерот, така и за здравјето и расположението.
Ова неодамна го потврди и едно друго британско истражување кое откри дека сек*от барем еднаш неделно е клучен за среќен брак.