Верната следбеничка на „традициите на СДСМ“ и ќерка на покојниот македонски актер Ѓорѓи Колозов, Катерина Колозова продолжува да им „брцка в очи на Македонците“ веќе подолго време.
Колозова провоцираше во повеќе наврати во врска со македонско-бугарските односи, како и протестите против францускиот предлог и инцидентите за кои ги обвини Македонците кои протестираа, а сега со нејзиниот „историски проект“ бара Македонците да се извинат за погромот на Евреите во Македонија за време на фашистичката окупација од Бугарија на Македонија.
Колозова бугарските фашистички окупатори во Македонија ги нарекува администратори.
Еве ја целата објава на Колозова што ја пренесуваме од порталот Експрес:
„Сите потомци на некогашните кметови на „бугарската администрација“ кои и ден денес се дел од македонската политичка елита, а и сите ние како народ заедно со нив – поради пасивноста и непреземањето ништо за да се спречи депортацијата (посебно заспаните партизани од тоа време) – треба да се извиниме за депортацијата на Евреите. Бугарија, исто така, но не нам туку на Евреите од Македонија. Безобразно е ние да се изедначуваме со Евреите во тој период“, вели Колозова.
Натаму Колозова, борец од тн. шарена револуција, и огнен поддржувач на СДСМ, додава:
„Исто, конечно да се објават архивите за сите Акциски комитети и да видиме колку од „окупаторите“ се локални (јас викам – практично сите), наши луѓе, а нивните потомци и ден денес се видни членови на нашето општество. За да депортирате толку народ, имате локална администрација која и тоа како требала да овозможи услови. Да се објават сите документи со сите потписи за тоа како се обезбедил монополот, како се оперирало од куќа до куќа, колку има улога локалната администрација, и кои се тоа луѓе, па и ние да се извиниме за тој хорор – ако не како држава, која сме ја немале тогаш, тогаш барем како општество“, пишува Колозова.
Таа неуморно пишува без да образложи со некаков историски аргумент.
Предходно Колозова предизвика сериозни реакции во јавноста кога ги обвини демонстрантите против францускиот предлог кои беа нападнати со камења и пиштоли кај плоштадот Скендербег дека „влегле во албанско маало и провоцирале Албанци“.