Претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркез нареди воведување полициски час во Богота поради масовните протести.
Тој на Твитер го објави барањето на градоначалникот на Богота полицискиот час да почне од синоќа во 21 часот по локално време.
Полицискиот час е воведен еден ден по најголемиот протестен марш во Колумбија, во кој учествуваа околу 250.000 луѓе. По мирниот протест, вчера имаше судири помеѓу демонстрантите и полицијата.
Аналитичарите се скептични дека протестите би можеле да доведат до подолги немири како во Болиција, Чиле и Еквадор, бидејќи Колумбија има една од подобрите економии во регионот и нема доволно фактори, кои би ги обединиле незадоволните.
И покрај мировниот договорот од 24 ноември 2016 година, што поранешниот претседател Хуан Мануел Сантос го потпиша со марксистичките бунтовниците од Колумбиски револуционерни вооружени сили (ФАРК), поголемиот дел од земјата се соочува со насилство од криминалните вооружени групи кои се борат за територија на која државата не е присутна.
Колумбиската економија годинава бележи побрз раст, но во земјата е присутна најголемата стапка на нееднаквост во Јужна Америка.