Колумбискиот претседател Иван Дуке нареди да бидат испратени армиски сили како помоош  на полицијата во во градот Кали, трет по големина со население од 2,2 милиони луѓе и е центар на масовните протести против даночните реформи.

– Почнува веднаш распоредување на воена помош за полицијата во градот Кали и во департманот  Вале дел Каука, изјави Дуке, чиј говор беше пренесен на Твитер страницата на неговата администрација.

Според претседателот, најискусните офицери ќе бидат испратени во регионот.

Демонстрации против даночната реформа се одржуваат во Колумбија од 28 април. Немири се случија во Богота, Кали, Меделин и други градови. Повеќе од 2.000 лица беа повредени, а други 42 беа убиени. Владата подоцна се согласи да ги измени плановите за реформи, министерот за финансии поднесе оставка, но протестите продолжија.