Миграциската служба на Колумбија објави денеска дека укинала одлука за еднодневен престој на 300 венецуелски политичари и нивни роднини кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро.
– Не е разбирливо, додека лица од Венецуела мигрираат заради глад и основни потреби поддржувачи на диктатурата да ги користат тие привилегии и да влегуваат во нашата држава и да пазаруваат како и за други работи, изјави директорот на колумбиската миграциска служба Кристијан Кругер.
Меѓу луѓето на кои им е забрането да користат пропусници за влегување во Колумбија се Вуелма Мора, поранешен гувернер на венецуелската држава Тачира, гувернерот на Сулија, Ерика Фариас и градоначалникот на Каракас, Сандра Облитас.
Во Колумбија се најголем дел од окоу 800.000 Венецуелци кои ја напуштиле татковината заради политичката криза. Според некои податоци, за време на мандатите на покојниот претседател Хуго Чавес и сегашниот Николас Мадуро од Венецуела емигрирале четири милиони луѓе.