Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони американски долари, соопшти денеска колумбиската Влада.
Дрогата била спакувана заедно со градежни материјали и транспортирана помеѓу пристанишниот град Картагена и Панама. Како што се наведува во соопштението, таа им припаѓа на шверцери поврзани со клан на Заливот и требало да биде доставена до други криминални групи во Централна Америка и Европа.
Колумбија останува еден од најголемите производители на кокаин, и покрај долгогодишните напори да се запре трговијата со дрога.
Како што пренесуваат странските агенции, левичарските бунтовници, криминални кланови и поранешни десничарски паравоени сили се вмешан во производство и транспорт на дрога.