Страшо АНГЕЛОВСКИ
Иако, за жал, знам дека за многумина е многу поинтересен разговорот меѓу рекетарот Боки и корумпираната обвинителка Вилма, нешто што освен сензација, не содржи ништо вредно во себе, јас, повторно, можеби за некого досадно, бегајќи од каков и да е долен сензационализам, во текстов, ќе се обидам да објаснам што се случува во светот и, што може да се случи доколку човештвото не ја сфати заканата пресериозно и не се спротивстави на разулавеното зло.
Најпрво, за да влеземе во сржта на проблемот, мораме да разјасниме два поими за кои многумина сметаат дека имаат исто значење, а, всушност, се крајно различни еден од друг. Два поими кои лесно ќе ни појаснат што ни се случува.
- Поимот “глобализација“. Глобализација е процес кој започна кон крајот на дваесеттиот век, а како резултат на забрзаниот технолошки, комуникациски, инфраструктурен развој во светот. Имено, со дотогаш невидениот развој на технологијата, на комуникациските врски, на современите брзи сообраќајници и пруги, започна тој процес на забрзано поврзување на човештвото на секоја точка од земјината топка. Процес кој значеше економско, културно, комуникациско, медиумско, инфраструктурно, енергетско и секакво друго поврзување на човештвото во една заедничка мрежа. Со еден збор, започна со остварување предвидувањето на познатиот светски комуниколог Маршал Меклуан дека светот ќе стане “глобално село“.
- Поимот “глобализам“. Глобализмот се појавува во деведесеттите години од минатиот век, што ќе рече, речиси истовремено со глобализацијата. Глобализмот се појавува после распадот на Советскиот Сојуз и распуштањето на Варшавскиот пакт, со што се урна дотогашниот биполарен и, започна изградба на нов, униполарен светски поредок. Нов либерален униполарен светски поредок замислен како управување со светот од еден центар, заснован врз учењето на Карл Маркс за одумирање на државата, на нацијата и семејството и уништување на верата и црквата како “опиум за народот“. Учење на Маркс преку кое Ционизмот формиран во 1897 година, еве, по втор пат се обидува да завладее со светот (но, тоа е предолга тема за еден ваков текст, само, сепак, морам да го дадам на знаење). Значи, се појавува глобализмот како процес, кој, според нивните злосторнички планови, треба да доведе до управување со светот од еден центар.
Па, глобализмот, вешто се маскираше во костумот на глобализацијата, завладеа со сите негови процеси и, ги злоупотреби за да подземно се инсталира, најпрво во САД, потоа во ЕУ, за да овие две моќни институции ги користи за своја најдлабока пенетрација ширум светот, со закани, уцени, корупција од невидени размери, шарени и обоени револуции, а по потреба и воени интервенции преку целосно преземеното НАТО, кое не беше распуштено само заради нивните потреби.
Основната цел на глобализмот како новосоздадена колонијална идеја, претставуваат ресурсите – нафтата, гасот, ретките метали, златото и се’ што е потребно за мирен развој на сопствените економи и уживање во сопствената благосостојба. Затоа, не случајно, како најангажирани во глобализмот се појавуваат старите колонијални сили, Франција, Велика Британија, но и Белгија, Холандија… кои целата своја благосостојба ја изградиле врз вековните страдања на колонизираните земји од Азија и Африка. (Пример, африканската држава Мали има 854 рудници за злато и нема ниту грам златни резерви, додека нејзиниот поранешен колонизатор Франција, која има “ексклузивен“ договор за нивно користење, иако нема ниту еден рудник за злато, има 36.000 тони златни резерви).
Ова вреди да се знае за да се прави разлика меѓу целите на глобализацијата за поврзување и развој на човештвото и, целите на глобализмот, за владеење со човештвото.
И, глобализмот навистина започна да владее со светот, се’ до моментот додека не се полакоми по најголемите природни ресурси на земјината топка, оние на Руската Федерација. Па, откако нивните алатки за уништување на државата, нацијата, семејството и црквата, невладините организации, ЛГБТ активистите и останатите скапо платени инсталации, но и дел од големите наднационални корпорации кои веќе почнаа да цицаат од руските ресурси, беа протерани од Руската Федерација и, не успеаја да ја растурат од внатре, прибегнаа кон планот Б.
Планот Б значеше користење на Украина до последен Украинец како алатка во обидот Руската Федерација да биде воено поразена, распарчена и да се пристапи кон целосно слободно користење на руските ресурси од страна на колонизаторите навикнати на благосостојба изградена на туѓи страдања. Па, започна најмасовното вооружување на една држава во човечката историја (се сеќавате на изјавите на францускиот претседател Оланд и германскиот канцелар Меркел, дека со договорите од Минск во 2014 година, само го лажеле Путин за да купат време за тоа масовно вооружување); потоа изведоа крвава револуција на киевски Мајдан за да урнат легална и легитимна власт и да инсталираат власт која ќе работи за нивните интереси и; конечно, кога во Истамбул во 2022 година беше потпишан договор за прекинување на тукушто почнатата специјална воена операција, допатувајќи во Киев, британскиот премиер Борис Џонсон, му нареди на киевскиот комедијант Зеленски, да се повлече од договорот и, по секоја цена, да ја продолжи војната.
Со еден збор, за потребите на глобализмот, од Украина се создаде складиште на сите можни оружја кои секојдневно се употребуваат, но и Украина, како платформа – антирусија. На сите можни начини во Украина се создаваше омраза кон се’ што е руско – рускиот јазик, руската црква, руската култура и уметност, рускиот народ… Опасна антируска платформа како полигон за крвава војна. Нешто слично како создавањето на атмосфера на омраза кон се’ што е еврејско во нацистичка Германија.
ЗЕЛЕНСКИ ЈА УКРАИНИЗИРА ЕВРОПА
И, сега влегуваме во најопасниот период за човештвото. Бидејќи глобализмот очигледно е поразен, неговите промотори последната надеж ја гледаат во украинизација на Европа. Па, комедијантот Зеленски се враќа во својата првична улога на уличен забавувач. Ја крстари Европа надолж и попреку, на билатерални и мултилатерални средби, на “претстави“ организирани за него и, на секој можен медиумски начин врши украинизација на Европа. Упорно повикува на вооружување на цела Европа заради “руската опасност“, со што од Европа треба да се создаде складиште на сите можни оружја и, што е уште пострашно, користејќи најодвратен речник, од Европа сака да создаде платформа – антирусија.
За жал, сесрдно поддржан од политичари кои во своите држави владеат или со малцински влади или со изборен инжинеринг, како Стармер, Мерц и Макрон, кои, наспроти волјата на сопствените народи влегуваат во воена авантура со зацртано вооружување во наредните пет години во вредност од неколку илјади милијарди евра. Со тоа доаѓаме до критичната 2030 година до кога Европа би успеала да натежне со оружје и би успеала да ја развие омразата кон се’ што е руско, барем онолку колку што нацистичка Германија ја разви кон Евреите, за да ги подготви народите во Европа за напад врз Руската Федерација во име на глобализмот а во потрага по нацистичкиот “lebensraum“ (животен простор за себе врз туѓи територии).
Така доаѓаме до денот на “вечниот мрак“ за човештвото, денот на нуклеарната апокалипса. Европските лидери го попримаат ликот на Зеленски, а Европа позицијата на Украина. За жал, и лудите можат да позавидат на лудилото на глобалистите.
П. С.
За крај, нешто што има посредна врска со ова што го пишувам. Имено со години пред влезот на НАТО во Македонија говорев и пишував дека од тој момент некој друг ќе ги определува нашите пријатели и непријатели.
Денес, како на членка на НАТО, наши непријатели се невините дечиња во Газа кои секојдневно страдаат од бомби болести и глад, бидејќи мораме да молчиме за нивниот егзодус, кој во многу наликува на егзодусот на убиените и протераните македонски дечиња од Егејскиот дел на Македонија.