Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ за Курир.мк
Некрофилската бедотија на СДС повторно стапи на сцена. Она, кога афинитетите на стрвинарите излегуваат на виделина, ко печурки по дожд. По непишано правило, секогаш кога се во опозиција и секогаш кога од ВМРО на терен губат ко Грчка на времето. Тогаш, крвоследниците од Бихаќка се ориентираат кон грда злоупотреба на човечки судбини. Што поцрна, тоа подобра за забеганата партиска програма на СДС. Особено дегутантна по аранжманот и дофилувањето на црнилата од армијата дечки со бели носиња, предводени до Шмрчко. Бескуполозна некрофилија која во безизлез и под закана за слободата на врхушката константно преовладува на самозамисленото северџанско политичко бојно поле, кое само фигуративно е бојно, но кога опасно ќе ти загори под нозете, некој (СДС) навистина го сфаќа како такво.
Сликата на ултра-лузерката на локалните избори Шукова со СДС-девојчурите зад неа е многу поучна и реална, на неа само треба да се направи една рокада на ликовите. Наместо мега-губитничката која испадна 4-та или 5-та во Скопје и наапаните цуци кои никој жив не ги ни познава, ставете ги со исти такви рачиња Заев, Филипче, Таче, Маричиќ, Катица, Кацарска и Спасовски, „појачани“ со арамиите Димова, Рашко, Васко Ковачевски и останатата банда во позадина.
На гореспоменатите заменски ликови на оригиналите многу подобро ќе им одговараат крвавите раце, дланки окрвавени од девастација на стотици, илјадници судбини во текот на 7-годишниот аздис и атак врз патриотите, политичките неистомисленици и изживувањето со Македонија, Македонците и македонштината.
Најкрвави им се рацете од судбата на браќата Игор Југ и Кире Ѓеоргиевски, Македончишта кои починаа во текот на иреалните затворски казни, казнети само затоа што беа Македонци ипол, затоа што реагираа на собраниското урнисување на државата во режија на Заев и Ахмети, кои беа под диригентската палка на Грција и Бугарија. И играа дилајлите како недоветни, око не им трепнуваше. Зацрнети судбини на семејствата на цела армија браќа од 27-ми април, комбинирана со политичката тортура извршена врз политичарите од спротивниот табор, удар кој најмногу го почуствуваа фамилиите и најблиските.
Темно-црвената боја на крвавите раце на СДС се должи и на злоупотребените судбини на семејствата на егзекутираните момчињата од Монструм, кои Црпко ги лажеше и мафташе со години, на лагите за Малата Тамара, на искривената вистина за Никола Младенов, семејството на Мартин Нешковски кое се изнаслуша монтирани и лепени разговори од кујната на Верушевски, на лагите за Диво Насеље каде загинаа 8 македонски горостаси од безбедносните сили и редица други судбини искористени за ширење лаги и поларизација на јавноста.
Крвавите раце на СДС се можеби најцрвени од Онкологија, каде со физиолошки раствори се лечеа стотици луѓе болни од рак, од 14-те починати во пеколната стапица наречена Модуларна боилница на која и кумуваа Венко, Зоки и Кочо, нелиценцираниот автобус кој по стопати влези-излези од државата изгоре во трагедијата во Струма, оној нерегистрираниот (со плати-клати технички) од хаваријата во Ласкарци и дузина други црни петна од владеењето на СДС.
Крвави ви се рацете и во неразјаснетиот обид за атентат на претседателот Киро Глигоров, во кој почина возачот Александар Спировски, на само 20 дена по „Привремената спогодба за името БЈРМ“, против која Глигоров јавно се противеше. 100-те милиони кои тој ги одбил, а некој 14 години потоа очебијно ги гушнал, ама многукратно пораснати.
Да не го заборавиме и можниот атентат кој никогаш не доби соодветен одговор, пад на кингерот во крајно сомнителни услови крај Мостар, трагедија во која загина претседателот Борис Трајковски со осум члена на кабинетот и екипажот. Авион во кој не се качи ликот кој 2019-та стана претседател. „Несреќа“ на саде неколку месеци пред ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА на Македонија. Која БЦ со ќеф ја потпиша следниот ден откако стапи на функција.
Крвави ви се и за транзицијата во која оставивте стотици илјади луѓе без работа, пута 4 семејства без леб, руиниравте фамилии, бракови, уништивте многу детства и младости.
Крвави ви и се и од идентитетскиот колеж, од смената на исконското знаме, за срамното БЈРМ кое го м’кневме 14 години за да го смените со новокомпонираното име со уште посрамната придавка со Преспанската капитулација во Нивици, виновни сте за промената на Уставот со уценети пратеничиња фатени за „онаквите“, за преамбулата и вадењето на АСНОМ, за луцидната двојазичност, за прифаќањето на бугарскиот антимакедонски аздис, прво со Договорот за недобрососедство по кој следуваше идиотштината наречена Француски предлог, за кој гласавте со две раце, исто како при изборот на Таљо во 2017-та. Каде има крв, таму е и СДС кога е во опозиција, опиени мирисот на течностаод дамарите и од можноста да поентираат и ќарат некој глас, макар газеле преку лешеви…
Туку, чуму сега носеа раквици? Да не се извалкаат ли пустите елитисти од црвената, евтина боја која Венко им ја набавил на канта-пазар, лажна крв од која поевтина е само пораката која ја навредува интелигенцијата на македонскиот граѓанин. Та во шарената дееволуција која ја нарекувавте „револуција“ се мачкавте до мила воља, цели ко ЛГБТ знаменца бевте со денови? Зошто сега носевте ракавици и се пазевте да не се замачкате? Башка, ист тип ракавици ко оние српските, како само се извеславте…
Аууу, да. Сега го нема Сорос и УСАИД за да ви плаќаат дневници, во однос на кои едно хемиско беше „гола вода“. Душички напатени. И да си ги носите тоа ракавиците, додека врхушката каде и да е ќе заноси едни нараквици, кои не рѓосуваат, оти биле челични, „стејнлес стил“ материјалче.
Нов ден, нова мизерна СДС епизода како увертира во урнебесната групна лекција по свирење клавир од немузикалната екипа на Венковци и Зокиевци…




