Д-р Мартин КУЛДОРФ
Со сезонскиот пораст на Ковид-инфекциите во северниот дел на Соединетите Држави, вакцините останува да ја играат својата важна улога за да се држи нискиот број на смртни случаи. За да се спасат животи, ништо не е покритично од тоа да се обезбеди масовна вакцинација на постарите луѓе кои се’ уште не заболеле од Ковид.
Додека заштитата од инфекција и болест опаѓа само неколку месеци по вакцинацијата, заштитата од хоспитализација и смрт е потрајна и опаѓа полека. Оттука, треба да ги повикаме сите постари луѓе кои сè уште не заболеле од Ковид да се вакцинираат што е можно поскоро. Кога засилувачката трета вакцина беше одобрена од FDA, знаевме многу малку за нејзината ефикасност, но една неодамнешна опсервациска студија сугерира дека таа го намалуваат ризикот од инфекција и тешка болест за оние кои досега не се заразиле.
Иако секој може да се зарази, има повеќе од илјада пати разлика во ризикот од смртност меѓу старите и младите. Во 2020 година, претставниците на јавното здравство и јавниот дискурс се фокусираа на заклучувањата, како што се затворање на училиштата, затворање на деловните активности, ограничувања за патување и работа од дома, додека имаше многу мал напор за подобра заштита на постарите лица со висок ризик. Сега ја правиме повторно истата грешка. Наместо да се интензивираат напорите да се вакцинираат повеќето од нашите постари граѓани, од кои повеќето се пензионери, јавниот дискурс е фокусиран на вакцинирање на децата и задолжителноста на вакцините за учениците и возрасните на работоспособна возраст, од кои многумина веќе имаат природен имунитет по закрепнувањето од Ковид.
Претходно оваа година, бев цензуриран од Твитер затоа што напишав дека „мислењето дека сите мора да се вакцинираат е исто толку научно погрешно, како и мислењето дека никој не треба да се вакцинира“. Вакцините против Ковид се важни за постарите лица со висок ризик и за тие кои се грижат за нив. На оние со претходна природна инфекција не им требаат. Ниту на децата.
Наспроти тоа, сега се води битка да се вакцинираат децата и вакцините да бидат задолжителни за вработените, додека старите луѓе повторно се забораваат. Заборавени и оставени да умрат. Фанатиците за вакцини и анти ваксерите имаат една заедничка нишка. Заедно, тие придонесоа за такво ниво на колебање кон вакцинирањето, какво што никогаш досега не е видено во Соединетите Држави. Она што антиваксерите не успеаја да го постигнат во текот на неколку децении, фанатиците за вакцинирање го постигнаа за помалку од една година. Како?
Еве неколку примери: Знаеме за природниот имунитет барем од Атинската чума во 430 п.н.е., а студиите покажуваат дека закрепнатите од Ковид имаат посилен имунитет од вакцинираните. Луѓето го знаат ова, и со наложување да се вакцинираат тие кои се веќе имуни, службениците во јавното здравство ја поткопуваат довербата со што луѓето се скептични за другите препораки за вакцини.
За постарите луѓе, кои се изложени на висок ризик да умрат од Ковид, користа од вакцината во голема мерка ги надминува малите ризици од сериозен несакан ефект, па затоа нема зошто да размислуваат дали да се вакцинираат, туку тоа треба да го сторат.
Но, истото не важи и за децата. Нивниот ризик од смртност од Ковид е мал и помал од и онака нискиот ризик од годишниот грип, така што придобивката од вакцината за здрави деца е многу мала. Ќе поминат неколку години додека не го дознаеме ризикот од Ковид вакцината, а дотогаш не знаеме дали има поголема корист или штета од вакцинирањето на децата. Кога владините службеници ги игнорираат овие важни прашања, довербата во вакцините опаѓа кај сите. Постојат одредени здравствени ризици кај повеќето лекови и вакцини. Природно е дека сите, вклучително и скептиците за вакцините, сакаат веродостојни податоци за ова и важно е да се биде искрен во врска со тоа. Со исклучок на проектот за безбедност на вакцините Datalink, ЦДЦ се бореше со ова за време на пандемијата. На пример, поради некои пријавени згрутчување на крвта кај помладите вакцинирани жени, ЦДЦ ја прекина употребата на вакцината Џонсон и Џонсон што ги вклучуваше и постарите Американци на кои навистина им беше потребна, и покрај доказите дека нема ризик за оние над 50 години.
На пример, ЦДЦ објавува необработени бројки од Системот за известување за несакани настани за вакцини (VAERS) без да прави разлика помеѓу несакани ефекти кои се или можат да бидат последица од вакцините или се последица на случајности. Со тоа, ЦДЦ не ги проценува правилно потенцијалните несакани реакции, додека ненамерно ги повикува луѓето погрешно да мислат дека секој пријавен несакан настан бил предизвикан од вакцината. Сето ова ја намалува довербата во вакцината. На глобално ниво, сè уште имаме недостиг од вакцини. Многу постари луѓе во светот во развој умираат од Ковид бидејќи вакцините им се недостапни, додека младите американски и европски студенти со низок ризик гордо ги објавуваат своите снимки од вакцинирањерто на Инстаграм. Ова е вознемирувачко. Кога на ваквото неетичко однесување нема да се спротивстават на службениците за јавно здравје, тие ја губат довербата; особено меѓу имигрантските заедници. Некои политичари, научници и новинари се обидуваат да освојат поени со етикетирање на други како анти-ваксери.
На пример, во обид да ја дискредитира Декларацијата од Барингтон, Британскиот медицински журнал објави одби да ги исправи лажните обвинувања дека јас и некои мои колеги сме против масовното вакцинирање, иако јас сум можеби единствената личноста која била отпуштена од ЦДЦ поради тоа што сум бил премногу про-ваксер.
На тој начин се креираше лажно обвинување дека анти ваксерите имаат поддршка од професори на Харвард, Стенфорд и Оксфорд, што е неодговорно, бидејќи таквите погрешни информации со нетрпение се повторуваат од скептиците за вакцини и се шират на социјалните мрежи. Успешната употреба на вакцините против Ковид може да се види во Шведска, со агресивен приоритет на вакцинацијата според возраста, па дури и отпуштање на здравствените работници кои ја примиле вакцината надвор од редот.
Минатата зима, имаше два различни бранови на инфекции со Ковид, кои го достигнаа врвот во јануари и април. За време на јануарскиот врв, пред да бидат достапни вакцините, имаше и врв на смртност од Ковид. За време на априлскиот врв, откако многу постари луѓе беа вакцинирани, смртноста веќе беше помала.