Заложбата за наш културен натпревар со народите со оглед нашите внатрешни состојби

Јованка КЕПЕСКА

Во македонската научна и публицистичка дејност како и, програмски, во политичката активност, пристапот е природно правен. И тоа без исклучок, и историски и актуелно, со оглед на тоа што ние му припаѓаме на народот еднакво како и со оглед на нашиот личен развој.

Мислата на Гоце Делчев за културен натпревар меѓу народите произлегува од таквата ориентација. Произлезена е од филозофијата за суштината на народот, неговото значење и посебност, актуелизирана преку рускиот филозоф Николај Берџаев засновани врз тезите на германскиот филозоф Ф. Хегел. Кој и го пишува делото Филозофија на народите. Консеквентно на времето повлијаени за формирањето на антрополошкиот приод кон македонскиот народ кај Крсте Мисирков.

Денес, и Европската Унија, на трагите на ваквите стојалишта, прераснува во заедница на народите.
Ова е и програмската ориентација и на Илинденското востание иако се говори за република, како за граѓанското уредување на македонската држава која треба да се формира потврдувајќи го македонскиот карактер на власта.
Но, денес, се наметнуваат многу дилеми и неупатни рефлексии создавајќи галиматијас на состојби во Македонија поради се оневозможува нашиот развој.

Теоретските објаснувања на овие прашања, нема потреба да се објаснува, дека се крајно потребни колку во име на научната вистина, еднакво, и за аргументираното опонирање на крајно изразените присутни негирања на нашето постоење. При што, во разрешувањето на прашањата, освен на историските сознанија, е потребно на припомош да се повикаат и сознанијата на филозофијата, особено на антропологијата, социологијата и на други науки, истовремено со политикологијата.

Дотолку повеќе што со Преспанскиот договор, во Македонија, правно, се примени концептот на нација – држава, дезавуирајќи го целосно за нас познатиот природноправен приод при конститурирањето на политичката заедница на македонскиот народ. И тоа според приодот врз на американското општество, каде народите своите права ги остваруваат единствено на културен план и независно од политичката инстанца. На што наведува и новото име на државата. Па како да се изгуби македонскиот карактер на државата, на нацијата и на концептот на културата. Тоа произведе несакани претензии за мултиетничка држава, мултиетничко претставување во власта и определени решенија во концептот на националната култура и во однос на националниот јазик. Што создаде прашања дали постои македонска национална култура а, оттаму, и дали постои национална идентификација. Несответно на претпоставениот однос на македонскиот народ во однос на националните малцинства во нацијата според двете конвенции на Европската унија за националните малцинства.

Станува збор, пошироко, за дилемата дали останува мисијата на македонскиот народ во создавањето на нацијата и дали останува таа македонска нација.

Дотолку повеќе што и со оглед на Преспанскиот договор прифатена е употребата на придавката македонска, (и, о,) кога таа се однесува на дејност. И фактот дека малцинствата покрај поврзаноста на со матичниот народ тие, живеејќи во националните социо-културни услови, придобиваат определени специфики. Односно дека националната култура не е прост конгломерат на култури туку поседува свој суптрат.

Преспанскиот договор беше податлив да се пројават ваквите негативни тенденции и воопшто. Имено, политичкиот принцип за еднаквост да се преточи во концепт на збројување на етноси во политичкото претставништво. И како резултат на проицираната неупатна рефлексија околу можното значење за промена на името и решенијата на договорот за некои сегменти од општеството. Иако, спротивно на тоа, нацијата, е конзистентна заедница, и, не само во културна туку и во политичка смисла. Прашања за чии одговори е потребен многустраниот теоретски напор.

А јасно е дека ставовите се изнесуваат, се бранат, се расчистуваат и успеваат да се одбранат во дијалог. Нешто што беше потребно, како умно, да се примени во нашиот пристап при дијалозите со Бугарија како и, претходно, за Преспанскиот договор. При отсуството на наш активен, притоа припомогнат со соответни теоретски познавања, однос, во разговорите за договорите, се замаглија битните аспекти за македонскиот народ, за неговите почетоци, за неговиот развој и за неговите политички напори во создавањето на македонската држава. Затоа, стоејќи пред исклучителен предизвик поради актуелните негирања, повикани сме актуелно да ги дадеме одговорите на поставените прашања од кои истовремено е зависен и нашиот внатрешен развој.