Јованка КЕПЕСКА

Анализата на процесите во промената на општествените односи укажува на следното: дека општеството се наоѓа во фаза на трансформацијата на индустријализацијата во фаза на сеопшта информатичка промена. Според Андре Данзин, ако „до деветнаесеттиот век цивилизацијата била рурална… а потоа доаѓа индустријата… со непојмливиот и непредвидлив напредок на информатиката и електрониката доаѓа до „вистинска мутација“ на облиците и природата на трудот“… што значи дека „се оди кон економски поредок во кој главниот дел од човечката дејност и труд ќе бидат поврзани за информацијата“. Логично со големите технички промени да се одвива и социјална револуција.

Моќта што произлегува од базичните облици на производство произлегува од превласта на една земја во светот врз сите природни и научни области. Таква е американската превласт, опишана во „Американскиот предизвик“ од  Ј. Ј. Серван Шрајбер. Но, тоа е нешто што, денес, му припаѓа на минатото. Појавени се нови полови во светот какви што се Европската економска заедница, Јапонија, земјите од Југоисточна Азија и земјите од Персискиот залив. Оттаму, иако заврши фазата на индустриската експанзија и, воопшто, на индустриското општество, кој е базиран врз трошење на природно богатство, и се создаде мулти свет (според Париската група, создадена во 1979 година, од творци од Европа, Јапонија и од Персискиот залив). се создаде општа криза и изолација на деловите во светот и се продлабочи војната со други средства. Врз таа основа, изминативе години, се одвиваше спротивставувањето на Истокот и Западот.

Како резултат на тоа се отуѓија изворите на енергија и се осиромашија творечките сили на човекот.

Истовремено, натпреварот во наоружувањето, го оневозможи секој обид да се воспостави рамнотежата помеѓу Северот и Југот. И покрај тоа што неразвиените бараа нов светски поредок на рамноправна распределба на природните богатства, но и на немаштините.

Како последица на процесите се создаде состојбата развојот, единствено, да се заснива врз поседувањето или достапноста до нафтата.

Станува голем проблем тоа што опстојува неразбирањето дека фазата на индустриската експанзија е завршена. Токму кога раководителите мораат да бидат многу поинвентивни индустриското општество, како потрошувач на природни богатства, да се промени во автоматизирано општество. И дека е потребно да се променат методите, односно состојбата на духот на луѓето, како што укажува Жан Моне во ЕУ. Што укажува на потребата  раководителите да мораат да бидат обучувани за компјутерите врз основа на основниот програмски јазик – базик. И дека таквата потреба особено е потенцирана за обука на младите луѓе кои ќе бидат идните раководители.

Токму во тоа е шансата на иднината за да се постигне полно искористување на способностите, умот, активноста и разумот, на луѓето и на секој човек, одвоено. Затоа што ја овладуваат технологијата односно затоа што информатизираното општество ги искористува севкупните способности на секој поединец паралелно со полната вработеност.

Со потребата на воведувањето на осмислените информатички програми е, притоа, претпоставено севкупното производство на материјални добра. А, притоа, сеопштата примена на микропроцесорите  да не влијае на смалување на вработеноста. Во информатичното општество се јавуваат нови потреби, побарувањата постојано растат со што е зависно отворањето на нови работни места.

Препородот на Европа на истоветен начин лежи во потенцијалот на електронските и информатички индустрии кои треба да станат темелен сектор на растот на истражувачките напори, пронајдоци и изуми, нови решенија кои како идеја можеби и се појавуваат во минатите векови.

Истовремено, патот на третиот свет зада се развие и технички за да се опреми. И за Западот за да може да излезе од кризата.

Политичките амбиции на претседателот Трамп, според изложените заложби во неговата книга „Повторно величествена“ ги претпоставуваат новите општествени односи во светот. Со практични решенија и разумна политика, тој се заложува затоа да се оствари силна, конкурентна национална економија, базирана врз ослободување на креативните сили на луѓето за создавање на економските вредности и за конкуренцијата, предлагајќи ја основата за да се извршат сите промени во општествените области во американското општество. Америка за да биде одново  „величенствена“. Во анализата се назначуваат состојбите кои е потребно да се надминат:

Во Америка нарушена е благосостојбата на ниските слоеви и на средната класа. Тие тешко ги остваруваат основните потреби за себе и за сопствените семејства бидејќи 20% од Американците моментално се невработени или подвработени а истовремено приходот на 45-те милиони средна класа, темелот на државата, постојано се намалува. Додека долгот на САД достигнува 19 трилиони долари. Поради тоа Ноам Чомски установува дека „американскиот сон“ е срушен. А претседателот Трамп, во книгата, вели причина Америка да престане да биде лидер во светот.

За да се креираат нови работни места, компаниите кои се излезени надвор, мора да се охрабрат да вратат поголем дел од своите работни места назад во Америка. Во функција на отворање на нови компании и работни места да се повратат и трилионите долари што се чуваат во прекуокеанските банки, како што мора да се справи со банките и финансиските институции кои им служат на непријателските земји за перење на пари.

Ефектот во развојот на економијата ќе се постигне и со попречувањето на приливот на нелегалните имигранти, кои се поврзани и со криминогени дејствија.

На Америка и се наложува да воспостави рамноправен однос и во нејзиното искористување како најдобар потрошувач, затоа што трговскиот дефицит, каков што е пред сé со Кина, го кочи нејзиниот економски развој. Клучната економска мерка е со едноставен даночен систем да им се даде можност на средната класа и на оние со пониски класи да задржат поголем дел од приходите од заработеното за себе а во исто време да се измени начинот на кој најбогатите Американци ќе плаќаат даноци.

Освен невработеноста и намалувањето на домашниот бруто производ, проблеми за националната економија создаваат и застарената инфраструктура, нелегалната имиграција, лошата образовна политика, неадекватната реформа во здравството, застарениот нуклеарен арсенал и неуспешноста на дипломатијата. Претседателот Трамп, притоа, отфрла секаква можност да се намалат исплатите на социјалната помош на големиот број луѓе што живеат од неа.

Со реформата на образованието потребно е да се создаде основната вредност за економскиот напредок – конкурентноста. Како што е неопходно да се создаде подобра опција во здравството од Обамакер. Создавајќи конкурентност во приватниот сектор меѓу осигурителните компании пациентите за да можат да го изберат својот семеен лекар, што го сакаат.

На крајот потребата за развојот на националната економија мора да се одрази и во надворешната  политика. Како што, и повратно, со создадената економска сила САД да може да ги наградува државите што се нејзини сојузници.

Потребно е зајакнувањето на војската што има економски аспекти. Притоа, ако другите држави зависат од заштита на војската на САД, какви што се Германија, Јапонија, Јужна Кореја, тие ќе платат за војниците и за опремата. САД останува да се замешаат во конфликти само кога постои закана за земјата. Притоа исламската држава останува најзначајната закана.