Јованка КЕПЕСКА

Познато е дека политичката партија Има таков народ (понатаму ИТН) е настаната како резултат на долготрајните протести во Бугарија, наназад година дена како и на одржаниот референдум против политиките на ГЕРБ, партијата на Борисов. Поставените политички барања беа против корупцијата, слабостите на органите на безбедноставо, на судскиот систем како и против лошата економска политика. Како таква оваа партија е сосема автентична. Кај нас таква конотација има само ВМРО ДПМНЕ, создадена (и со оглед на  традиционалната партија) во самостојна Република Македонија првенствено врз корпусот на националните прашања.

Во политичката анализа за ИТН  одделно се наметнува и тезата дека има мисија да оствари нови општествени процеси на барања од меѓународни политички и економски фактори, како и да изврши замена за исто така употребената, но истрошена, политика на ГЕРБ.

ИТМ ја поддржуваат и други две партии, Демократска Бугарија и Граѓани за европски развој на Бугарија. Заедно тие, сепак, не можеа да постигнат мнозинство во Собранието. Неуспешен беше притоа и обидот да се формира малцинска влада за која би имало подршка по одделни програмски прашања од останатите партии. Токму ваквиот пристап за подршка по одделни програмски прашања во Собранието, без формално коалицирање, без учество во изборот на министерскиот кадар, беше демократскиот продор за сигурно остварување на поставените цели на политичката сцена против ГЕРБ.

Затоа  БСП и ДСП не ја поддржаа и побараа формализирано коалицирање што за ИТН, фактички, би значело програмска напуштање на прокламираните цели.

Водачот на ИТН, Слави Трифонов, го зазеде своето популарно место со оглед на релевантната критика на политиката која ја извршуваше долг период преку своето информативно средство. Застапувајќи плеада мислечки луѓе  и влијаејќи на таков начин на јавното мнение.

Оттаму можеме да заклучиме дека новите движења во Бугарија се движења кои се борат за промена на свеста во општеството за забрзување на развојот. Па, станува јасен отпорот што го дава устоличената номенклатура преку одделните партии кои биле претходно во власта изјаснувајќи се, како што велат, против движењата на улицата. Затоа што, велат, на таков начин дека се руши системот и се оневозможува управувањето со општеството.

ИТН, оттаму, мисли дека со нови избори ќе ја зајакне својата избирачка база и ќе ја надмине безизлезната ситуација во интерес на промените пред кои стои бугарското општество. И  треба да се знае дека незадоволството на демонстрантите јасно е дека опстојува и останува поткрепа на што рачуна.

Румен Радев го даде, по трет пат, како на мандатор, на БСП, за формирање влада. БСП стои зад неговиот избор за нов мандат како Претседател. Но и Трифонов ја изрази својата почит кон Радев како Претседател.

Секако, значајно е прашањето за односот кон Македонија. Тоа прашање во основа го презентира Претседателот Радев според Резолуцијата донесена во Собранието. Само една партија, Демократска Бугарија, има изнесено став против стопирањето на отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Македонија. Слави Трифонов останува на постојниот бугарски став. Негативниот став го објаснува, фигуративно, со еден пример. Иако бил само еднаш во Македонија, сепак, видел морбиден со содржина, графит: „Само мртов Бугарин“. Затоа, според него, бугарскиот став за Македонија мора да остане. Очигледно асоцира на омразата кон Бугарија за која мисли дека постои. На Трифонов мора да му се укаже дека омразата, ако ја има актуелно, предизвикана е од неколкугодишните постапки на Бугарија против Македонија, неприфаќајќи ја нејзината посебност на македонскиот народ, јазик, култура и историја. Инаку оправдано би се поставило прашањето како може ИТН да ја претставува новата свест за Бугарија, притоа да не биде свесна дека треба да ги напушти старите стереотипи на политиката кон Македонија и македонскиот народ? И кои се израз и на конзервативната научна мисла.

Во секој случај од актуелната политичка ситуација во Бугарија можат да се извлечат поуки и за нашата политичка пракса за формализираното коалицирање во однос на постапките за поддржување на одделни програмските цели, па и при слободата на изборот на кадрите, за да не доаѓа до ограничувања на реализацијата. Што кај нас исто така е присутно при повеќето мандати помеѓу коалиционите партнери.