Јованка КЕПЕСКА

Заплашувани најчесто со тезата за крв и тло, прашањата за нацијата, и институционално и лично, се третираат или како недозволиви, или како неважни, или како надминати. При што се јавуваат дури и увредливи изговори за пројавениот однос кон националното.

Како последица на таквиот однос не само што не се води грижата со пиетет да се гради односот и остварувањето кон автентичните постигнувања сходно на идеата на Гоце Делчев за културен натпревар меѓу народите, туку оттаму и изоставувањето на реското спротивставување на бруталната бугарска политика за негација на нашиот идентитет, овие денови имаме „нови“ идеи со нов предлог, на промената на името на државата и другите последици по промената на националниот идентитет.

Отсуството на релевантен став и однос спрема народот доведува и до јавниот став кој го изразуваат политичките претставници кон народот. Кон него се обраќаат безлично. Како кон полулација. Кај нашите социјалдемократи значењето на народот е популација, плебс иако има три значења при ословувањето на народот, етнос, демос и плебс. Ословувањето на народот како популација, плебс, безлично, здобива класно-социјална конотација. Односно дека народот се третира како нешто подредено, како толпа и збирштина. Наместо со пиетет. како кон етнос при што се има признателност за народната пројавеност. Истовремено што ги определуваат општествениот развој, творештвото и македонската култура.

Крајно изненадувачки однос кога се однесува за СДСМ кој формално се залага за социјална правда.

Сепак, ваквите гледања се наследство на теоретски гледања и на политичката пракса во рамките на комунистичкото движење. Имено, во комунистичкото движење, а и за социјалдемократијата, нацијата е разрешена состојба. И како таква, трајна (кај Ј. В. Сталин, К. Ренер, К. Кауцки и др.). Нацијата, всушност, според ваквото гледање е заедницата остварена преку политичкиот систем во времето на комунизмот, од една, и од друга страна како политичка заедница, со поинаква содржина, во периодот на капитализмот. Оттаму прашањата за националното се третираат како небитни а при третирањето на нацијата изостанува критичкиот однос од аспект на народот. Изостанува антрополошкиот пристап кој се сведува на историско-материјалистичкиот.

Нацијата е политичката заедница која треба да ги востанови пред сé политичките институции, државата и други. Доколку процесот се сведе на конструкција, завршува со стерилноста во животот затоа што не се исполнува со содржина општественото живеење што го овозможува народот. Поради фактичкиот национален процес се изоставува антрополошкиот приод како суштински кон народот и кај Мисирков. Тоа е тенденција и во научната експликација, досега. А во националниот процес пренебрегнато е развојот да се одвива според идентитетот на народот односно во процес постојано тој да се разоткрива.. За да се осоздава во континуитет македонскиот идентитет. И покрај тоа, како што вели поетот Хорделин, најтешко се осоздава националното, впрочем, како и личното. Инаку нациите како израз на техничко-технолошките процеси, ќе инклинираат кон обезличување на народот. Како што е и тенденцијата за губење на посебноста на личноста. Заради што се губат творечките способности на народот во сите димензии на животот.

Затоа не треба да не изненадуваат постапките на актуелната власт при поставувањето на ставовите и колебливоста на настапот, оттаму и лошите резултати, при разрешувањето на крупните национални прашања за македонскиот народ при редица настани.
Во комунистичкото движење има и крајни тези каква што е дека малите нации треба да се претопат во голема (К. Кауцки). Таквите претензии ги имавме како руска, југословенска и др.
Овие сфаќања со кои се негира народот, денес,филозофски се надминати иако ехото на негирање на народот опстојува.
Постои потреба и од напомената дека во светски размери како и во самата нововековна филозофија постои замена при употребата на терминот народ со нација. Таа состојба настанала затоа што при преводот на грчките творби во времето на европската ренесанса бидејќи зборот етнос не постои во латинскиот јазик, народот се преведува со нација (nacio). Иако иако постои замената на термините во нововековната филозофија разликата помеѓу народ и нација е запазена.

Во исто време девизата „општество за сите“, која е републиканска девиза, според социологот Талкот Парсонс, застапувана од ВМРО ДПМНЕ, се однесува на политичката функционалност на општеството. Така што не сеоднесува на релацијата кон македонскиот народ и она што е потребно да се направи со оглед на неговата препознатливост преку сопственото творештво и култура. Како и со оглед на потребата да се негува грижата препознатливоста постојано да се постигнува.