Јованка КЕПЕСКА

Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ и Советот за македонски јазик, овие денови, одржаа трибина за „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ поставувајќи ги важните прашања за развојот на македонскиот јазик, за неговата општествена поставеност и за проблемите од општествена, политичка и културна природа. Искажувајќи ја идентификацијата на македонскиот народ  со јазикот.

За или во развојот на македонскиот јазик влијаат значајно и филозофската, од една, и социјалната мисла, од друга,  како темелни ставови за кои е потребно да се говори. Впрочем, и како што опстојува и во севкупната историја на јазикот.

Поставеноста на говорот за поединецот но и за народот, е дадена веќе во  Библијата, каде што стои дека: „На почетокот беше зборот“. Во филозофската антропологија се говори дека ние сме она што со мајчиното млеко сме го примиле од мајката. Со убав збор за да се укаже на говорот што мајката ни го пренела и според што сме се изградиле како личности.

Содржаноста на говорот, логосот, како значење „сé во едно“ е дека искажува објективна, значи, физичка, истовремено поетична, според формата на убавото, и, на крајот, практична, оганизациска спроведливост, суштина. Со што самиот говор  упатува на неодвоивост на теоријата од нејзината примена.

Говорот на народот зборува за неговата духовна моќ, како за идентитетска одлика што ја има, односно по што е свој, различен и посебен. За неговиот учинок во светското духовно богатство покрај физичкиот. Оттаму нашата одбрана на идентитетот на македонскиот народ  и на македонскиот јазик.

Во пропедефтичкиот приод значајниот хрватски, не и само хрватски, филозоф, Вања Сутлиќ, укажува дека, покрај нашето мислење на народот како на објект, треба да го сообразиме и мислењето дека народот е тој и што создава. Поради што потребно е да го примиме непремостивиот спој на народот како субјект и „мислењето на народот“ (теоријата, облицитите на свеста во комуникативниот говор – заб. Ј. К.). Укажувајќи, притоа, дека, како според големиот песник, Холдерлинг, „Ништо потешко не учиме, отколку слободно да го употребуваме националното“. И дека „ тоа е она што е најтешко“. (Терминот национално е со значење народно, како што имало обичај да се заменува – моја забелешка).

Од друга страна, во една, претходно објавена, статија го пренесов упатувањето што В. Сутлиќ за тоа како грчкото разбирање на филозофската категорија време темелно го променило сфаќањето на времето кај Словените. А, денес, таквото сфаќање за времето станува, филозофска максима.

Во комунистичкото време, пак, за да се изврши идеолошко надминување на граѓанското гледање, предоминантниот онтологистички го изнегирал антрополошкиот приод, кон јазикот, запоставувајќи ја неговата духовност. Со што се негирала филозофијата на јазикот заснована врз Хегеловата филозофија. За информација, преку ставовите на Берѓаев, од раниот период на неговата филозофија, повлијаела за градењето на ставот кај Гоце Делчев за културен натпревар помеѓу народите.

Всушност постигнато било да се изнегира континуитетот во развојот на јазикот и да се створат фазата кога опстои врз народна основа и фазата која е заснована врз литературниот јазик. Создавајќи го идеолошкото становиште дека кулрура се изградува само врз основа на литературен јазик. А се изгубил пристапот и етимолошки да се заснива јазичниот процес.

Во сите теоретски трудови и во политичката програма на Македонците претпоставките за народниот развој и за развојот на македонскиот јазик се засновув врзаат природноправниот приод односно врз големата хуманистичка визија за човекот и народите, содржана во природно правната филозофија. Таквиот приод се јавува теоретски, кај К. Мисирков и кај македонските лингвисти во постасномскиот период. Таквото гледање  првенствено, формално, се обдржува и продолжително.  Но со промените на теоретското стојалиште дека културата се создава единствено врз литературниот јазик како и под влијанието на дијаматот (Сталиновиот концепт за дијалектичкиот материјализам) теоријата за македонскиот јазик се засновува врз онтологистичкиот пристап според кој социјалната основа го претпоставува развитокот на јазикот и надвор од антрополошкиот пристап кој се заснива на духовноста на народот во неговиот континуитет.

Предоминантно се засниваат наставни содржини кои назначуваат социјална основа на јазикот, но не и антрополошката, што има реперкусии и врз одбирот на кадарот.

Останува, сепак, дека македонскиот јазик во својата практична изградба дека опстојувала врз природно правниот приод  или врз визијата за народносната духовност на јазикот. И тука е неспорно дека огромната заслуга, во повоениот период му припаѓа на професорот Круме Кепески, создавајќи ја во најголем обем разговорната но и во многу научни области (правна, економска, медицинска, техничка), терминологија . И во што што, покрај со граматичарското дело, несомнено, зазема најзначајно место. Додека Крсте Мисирков ги определил основите за кодификација на македонскиот јазик.

Потребно е притоа да се каже дека третманот на „практичната“ изградба на македонскиот јазик, како да не се третираше како научна работа. Како да е одвоена и од теоријата, и сведена на „вештина“, ставајќи го нејзиното значење во втор план. Што не само што го доведе под прашање темелниот став за поврзаноста на теоријата и практиката туку очигледно го намали, со ретки исклучоци, практичниот ангажман врз македонскиот јазик.

Се случуваат, актуелно, и некои процеси кои можат да најдат објаснување во социјалната теорија. Имено, во интелектуалните, пошироко, но и во самите професионални лингвистички кругови, се поставува тезата за демократизација во јазичната сфера, пледиралќи за правото на употребата на дијалектите од страна на македонските говорители. Како антитеза за употребата на литературниот јазик  како за нешто вештачко и „ наметнато“. Што, повлијае за масовизација на непочитување на литерарната форма и за губење на грижата за нормата.

Пледирајќи литературниот јазик да се употребува само во писмената форма и во средствата за јавно општење.

Покрај тоа што односот на литературниот јазик и неговото збогатување со лексичкото богатство од дијалектите теоретски беше создаден и применуван. Односно дека прифаќањето на дијалектните форми може да се одвива врз законитостите на литературниот јазик.,, не и директно.

Еден од аргументите на толерирањето на ваквата состојба од застапниците на правото на употребата на дијалектната форма во живиот говор е дека на таков начин се спречува губењето на дијалектите иако останува прашањето дали дијалектите би го остварувале понатамошниот свој развој во општата тенденција за општо заснивање врз научност и, со оглед на што, и на научен развој на јазикот. А како да нема поинаков начин за конзервација на дијалектните говори.

За да можеме да сумираме, споредливо со многу искуства во различни културни средини, дека негрижата за литературната форма на македонскиот јазик е несомерлива.