Јованка КЕПЕСКА
Вистинската дискусија за современата лингвистика се одвива за правецот кој таа го зазела во сегашното време. Оттаму и за нејзиниот придонес во Македонија. И со оглед на проценките на вистинското значење на современите правци во лингвистиката за да се определат и стратешките правци за нејзиниот развој.
Најпрво да укажеме на смислата и значењето на зборот (јазикот).
Јазикот е оформувачот и покровителот на сета стварност, од сонот до логиката. Се е во јазикот.
На почетокот беше зборот, стои во Библијата, според апостолот Јован. Тоа било сфаќањето и според старата мисла за јазикот како логос односно дека во јазикот е содржано истовременото постоење на човекот и како субјект и како објект.
Односно дека јазикот е клучниот феномен преку кој човекот се манифестира во се што го карактеризира, откривајќи ги законитостите и на човечкиот дух и на човечката култура.
Но, денес, состојбата на свеста означена со променетиот однос што е воспоставен помеѓу науката со филозофијата и што е различен од односот што историски им се придавал како на различни категоријални нивои на апстрактност во мислењето, во надминувањето на хипостазата (одстапувањето) помеѓу субјектот и објектот, или помеѓу свеста и стварноста, како вистински мисловен процес.
Кочо Рацин, своевремено, пред Втората светска војна, учествува во актуелната дебата во комуистичкото движење за тоа дали филозофијата треба, во своите рамки, да ја вклучи науката. Заложувајќи се потврдно за пристапот, врз основа на филозофската претпоставка дека поединците, освен со оглед на сопственото, припаѓаме и на народ, врши значајна научна анализа на различни историски периоди од развојот на македонскиот народ.
Европската филозофија, од самиот почеток, притоа, се соочува со науката така што сите филозофи биле и научници иако и не спротивно.
Во последно време, колку научната мисла и да ја потиснува филозофијата, таа, останува сепак, нејзината највисока свест и совест.
Актуелната структурална лингвистика, што станала и наука пилот и за многу науки на човечкиот фундамент, успеа својот објект, јазикот, да го напрви достапен за научно истражување но и јазикот и говорот, од безконечноснен начин на постоење, да го направи исечок. Да го математизира, претворајќи го зборот само во знак, а лингвистиката, со оглед на пристапот за меѓузависните релации на зборовите ( претставени во знакови), во систем.
Така, врз основа на информациите, знаковите, не се засниваат само компјутерите, туку, создавајќи ги механичките модели под влијание на лингвистиката, се врши влијание и врз сите хуманистичките дисциплини, од антропологијата до чистата филозофија. Иако, притоа, секако, не можеме да се откажеме од електронските машини и нивните услуги мора да се укажеме дека лингвистиката постанува математизиран механизам на јазикот.
И покрај тоа што математиката и семиологијата можат да ја обработуваат само формата а не и содржината, лингвистички поставениот момент го создава напредокот во однос на другите науки.
Веќе долго време во антропологијата, во социологијата и во другите општествени науки, се јавува комплексот за помала вредност поради приматот кој што го заземаат во целост природните науки во општеството.
Мислата за човекот во науките, како научна, не може да биде истоветна со природните, егзактните, науки. Тоа воедно значи дека помеѓу науките за човекот и природните науки нема вистинска еднаквост (истоветно и според структуралистот Клод Леви Строс). Иако хуманистичките и општествените науки мораат да бидат објективни и егзактнии нив ги вреднуваме врз основа на критериуми што немаат врска со природните науки, туку со интуицијата, врз основа на целото наше животно и културно искуство, не расчленувајќи во формулации и неодвојиво од субјектот кој интуицира, па дури тогаш преземајќи научна дистанца и математизирајќи структури.
За структурализмот карактеристично е создавањето на систем на знаењето и структуирањето. А структурален е секој филозофски систем кој има амбиција на строгост: така што секој дел има смисол и значење во однос на другите делови. Јазикот на поединецот, на заедницата, на народот. Во тесна смисла станува збор за односот на јазикот и живиот збор. За основоположниот Сосир јазикот е општествено институционализиран, кодифициран и фиксиран вид на говор. На таков начин говорот е апстракција и погоден за научен предмет а живиот збор е секундарен. Затоа што сегашниот јазик е понаучен од минатиот. А, фактички, апстрахирана е врската помеѓу појмувањето и светот. Пристапот оттаму не е синхроничен. Останува дијахроничен.
Лингвистиката со Фердинанд де Сосир (1872-1950) го промени своето лице. Станува збор за структуралистичката лингвистика кај де Сосир создадена под влијание на социологијата на Емил Диркем (1858-1917), а на социологот Марсел Маус (1872-1950) кај Клод Леви Строс (1908-2009). Таа освен како чиста епистемиологија (теорија на спознанието) се трансформира во теориите за информациите, во автоматското преведување и во комуникациите. Заснована врз пристапот на збир на ентитети кои одразувааат постојан однос и се засновуваат врз аксиоми.
Иако Клод Леви Штрос вели дека структурализмот е метода вон контекстот е бидејќи тој метод не може да се примени на народите со историја, на големите цивилизации во кои покрај несвесната структура свесниот збор игра суштествена улога. Иако израснува во филозофска доктрина што денес во некои земји израснува во филозофија на врвна лингвистика.
Ноам Чомски (1928) кој се обидува да го надмине класичниот структурализам, нема многу илузии за продорот на лингвистиката и нејзиното значење бидејќи останува ѕидот помеѓу јазикот и живиот збор исклучувајќи сî што е слобода и креативност.
Проблемот со кој се бори модерната лингвистика е односот на формата и суштината и бидејќи многу лингвисти би сакале да го сведат само на формата. Во таква смисла структуралистичката анализа е „осиромашување“ па постигнувајќи јасност и едноставност го изгубил човечкиот карактер на јазикот. Таквата дозволила формализација и воопштување и одделеност на феноменот јазик од „живиот збор“, што е само по себе обесчовечување. Така исклучено е од научно третирање сî што е процес, слобода како што е создадена одвоеност од непоновливата историја на народите. Затоа што зборовите не се однесуваат само меѓу себе туку и со светот надвор од себе и со самиот субјект како говорител.
Оттаму лингвистиката ги утврдила некои од законите во некои од своите гранки (фонологијата, на пример) но и понатаму, како и секоја друга наука, ќе експериментира со повеќе хипотези. И веројатно развојот на лингвистиката ќе оди понатаму преку структурализмот, незаобиколувајќи го. Лингвистиката остануваат да ја мачат културните модели на една цивилизација, назначени во јазикот, при што тој самиот е водачот во научното проучување на таа култура. Останува и лингвистиката, како и кај филозофите Александар фон Хумболт (1769-1859) и Бенедето Кроче (1866-1952), која во јазикот ја гледа душата и менталитетот на народот и создадената визија на светот. Па оттаму е добро да се мисли и за вечната суштина на јазикот во определувањето на лингвистиката и кај нас имајќи ја и досегашната лингвистичка продукција која е потребно научно да се претстави.