Илија Мајсторов
Со векови наназад, па сè до денес, албанските водачи се служеле и се служат со закани и сурови пресметки. Но, за среќа на Македонија, пасивно е учеството на мирното, во многу средини, пријателски расположено „кчиптаре“ население. Туку, што дека… кога, за жал, никој од нив не ги слуша и од нив само се бара… се бара… А што да даваат, кутрите и тие, како нас, кога немаат ништо за давање!? Синовите да си ги дадат?! Не, не… Никому не му се даваат за војни и гинење.
Деновиве сведоци сме на нови „желби“, како да сме Дедо Мраз: сакаме ова, дајте она… сакамеее… сакккааамммеее… Што да им се дава веќе?! Се заборави на Охридскиот договор со кој, наводно, „се затвори“ воената закана во 2001 година!
Од кого? Па, од УЧК, и тоа кога „кутрата“ УЧК, имаше само две чети, кои ги беа крстиле 101-ва и 102-ра. А откако заврши сè, се ќарија… крвави „придобивки“ во 21-от век. Останаа залажувањата, се затворија поглавјата, но… Пак натегања по системот „уште ова, уште нешто, дајте…“ И продолжуваат барањата и желбите…
Ееејјј, господааа, малку исав, бре!
Јас, пак, си се чудам и не можам да се изначудам, зошто, покрај Албанец за прв човек на Владана на Република Македонија не побарате и нешто друго што ќе ја покрие иднината. На пример, прв човек Албанец што ќе патува на Марс и тоа не само од Македонија, туку од Балканот, вооппшто. Прв космонаут Албанец, примамлив предизвик е и „Римската столица“. Ако не може муслиман, господа, Вие имате Албанци и со христијанска вероиспопвест. Ако ме служи памтењето, заедно со селфито на Радмила Шеќеринска со утешителните амблеми за Македонија и Македонците, од пред извесно време, ете, „блесна“ уште еден христијанин на сликата, искрен обожавател кој, очигледно, се гордее со обележјето на УЧК.
Така е тоа кога и денес, си најдоа плодна почва за бавча која ја раздава под наем „Заевата (др)ужина“, плус Бокиевата и разни други некојси и „еди кои си“ врвни таленти за слабеење и истоштување на Македонската кауза, кои совршено се вклопуваат во искривоколчените намери на другите ни мили соседи, но и подалечни наводни пријатели, од минатото. Јавна тајна е дека Медлин Олбрајт, поранешен министер за надворешни работи на САД, контактирала и била дебело „почестена“ од албанската мафија која царува низ Европа. Тоа што им е скроено на Србите со Косово, по слична мерка и нам да не ни се крои и шие!?
Но зрнце надеж, барем за мене, е твитот на Американецот, господин Џејсон Мико, кој ја отрезни Шеќеринска и ја предупреди да не си игра со ѓаволот! Притоа и ја потсети дека најблиските роднини на жртвите, (читај и Македонија!), никогаш, ама баш никогаш, нема да ги заборават злоделата на албанските екстремисти… се извинувам на „борците за човекови права“ во 2001 година.
Иако, овојпат не е тема автохтоноста на Албанците на овие простори која ја протежираат политичарите низ (црно)белиот Свет, ќе ја објасниме со неколку значајки колку за волја на историјата која умно не поучува во животот:
– Во средината на 15-от век, 30-тина семејства, (главно во Полог), примајќи го исламот се доселуваат како турски војници. (А сега, се чукаат в гради, наводно како турски „аскер“!, ја ,,чувале“ македонската кауза!?) Бре, бре, ашколсун!
– Поинтензивно доселување на Албанци во Македонија се случувало од 1701 до 1800 година.
– Французинот Филип Канаје во своите белешки наведува дека албански групи на убијци и разбојници, спуштајќи се од север, плачкосувале, убивле, протерувале и насилно се населувале во Качаник.
– Големо населување имало во областа на Дебар на почетокот на 16-от век, кога, со насилие и терор, 10.000 албански разбојници опустошиле 27 македонски села.
– Во 1890 година, пред налетот на насилните албански зулумќари нарекувани Арнаути или Арбанаси, биле иселени цели села во западниот дел на Македонија: Палатица, Корито, Форино, Чајле…
– Процентуалните показатели од вкупното население на Албанци говорат дека 12% биле во 1953, 21% во 1991 и 25% во 2002 година, (попис кој не ми е јасно зошто беше оспоруван од релевантни личности и невладини институции!?)
Но, нека… Секое чудо… од попис до попис! Со полно срце и мирољубива душа, им посакуваме сè најубаво на Албанците во Македонија, поточно на македонските Албанци и да внимаваат кого ќе избираат и ќе гласаат на изборите што ни „висат“ над глава и како пандемиска закана. Зашто, во многу нешта… море целосно, од тоа ни зависи иднината на нашиот соживот – Македонци и Албанци.
(Авторот е дипломиран економист)