Илија Мајсторов

Катарза…која во овој случај е чувството на бесполезност по крајот на претставата (мандатот во Собранието)

Во нашава „прекрасна држава“ баш сѐ е (не)зненадувачки ново. На секој чекор, на секое ниво на власта има новини Во Парламентот збиднувања на претек. Деновиве мошне актуелна тема се консултации за нови градоначалници, со цел да им биде полесно гласањето на гласачите. Да потсетиме:

Секоја Општина има  свој имиџ, а првиот човек – градоначалникот, (или поголем број од нив) се „шлаг на торти“ кои не може да се повторат затоа што веќе се „излижани“ за време на мандатот. (Овде не се мисли само на Градоначалникот на Куманово кој, рака на срце, покажа одважност, чесност, одговорност и сите атрибути на личност која не може да ја помери ни Господ, а не овие властодршци  заглавени во сопствениот хаос!)

Најнапред, Градоначалникот на Градоначалниците со стан(ови) во Скопје, не гради ами – урива! Пред најава за негов нов мандат да потсетиме дека го урна споменикот на олицетворение на казнувачот на злосторниците и кражбите. Ќе да се плашат од него, дури и од бетонот, од малтерот, но дури и правта е избришана. Ќосето – симболот на непкорот, кој веќе не само што не  постои, туку и немаме шанси да си го вратиме, да го имаме со име и презиме, како што доликува. Ќосето е синоним на синонимите во Македонија, онаа, широка и долга до Беломорието, до кра(д)ците на која се сеќаваат нашите баби и дедовци. Но му пречел и Бродот укотвен на Вардар, иако не му го загадува воздухот и го урниса! И најинтересно е тоа што постојано зборува за планови и проекти, а не за градби.Кај „Холидеј ин“, со матна комбинаторика продолжува да се  турка идејата за  градба на три кули, огромни. Не било негова надлежност!? Богдановиќ, како да е преку океанот?!

На листата е и Градоначалникот на Лозово, силен играч на екипата „Јадеме живи деца“. Се поставува логично прашање: има ли инспектори за труд и социјална политика на локално ниво кои решаваат вакви и слични проблеми. Или, пак, се сеират на несреќата и немоќта на една жена, инаку млада мајка?!

Бисерот на УНЕСКО – Охрид, признат од Светот, е непримерно запоставен. Кој тоа се прави на три и пол во Струшкиот регион!? Просто, да не ти се верува. Ако тоа не-може да го прави Градоначалникот на Општина Струга, каде е Советот и советниците? Половуна од мандатот на актуелниот Градоначалник, инаку познат по лежерност, негрижа, некомпетентност и поднивање со аудиториумот, (што новинари што мирно струшко население), го помина во замижување пред она што го чекаат да го направи, не само институциите на системот и граѓаните, туку и Светски асоцијации за зачувување на историско-културното наследство.

И по сето ова, изнесеново, се наметнува интересна тема: ОКСИМОРОН. Тоа му доаѓа како спојка на неспоивото, исто како што е несоодветно горе споменатото со нормалното живеење во една држава. Неспоиво, токму како двата дела на владеачката коалиција, ако македонската страна, конечно, ги разбере и ги сфати  лицемеријата на една дузина случувања за кои секојдневно се зборува.

Низ црниов Балкан, пред години имало слични случувања. Од тој период ќе го спомнеме, парафразирано, современикот, извесен Зоран Стојановик, (Република Србија), кој, меѓу другото, вели дека „пред повеќе од сто години имаме Собрание, Парламент, оној на Никола Пашиќ. избран со притисок“. Туку, како се избра нашиот Парламент, кога не видовме човек од Коалицијата на власт, кој ќе рече: „Доста со отстапки и понижување, доста со сквернавење на МАКЕДОНСКОТО, на родот свој, единствен и неповторлив!“ До кога ќе се бара, од кревачите на два прста да  размислуваат со главата на менторот, кој одамна веќе не е тоа!? И дали по сите „историски“ одлуки кревачите на два прста во Собранието на Република Македонија можат мирно да преспијат, да се раатисаат барем една ноќ?!

А КАТАРЗАТА, која во овој случај е чувство на безполезност по крајот на претставата, (читај: мандатот!), наречена ЦИРКУЗ во Парламентот, послушниците долги, долги години не ќе можат да заборават што се случувало? Како што народот не ќе може да ја заборави нивната „автентичност“ на сулудите постапки.

(Авторот е дипломиран економист)