Иранската воена морнарица денеска соопшти дека внимателно го следи движењето на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, предупредувајќи дека би бил мета на напади доколку бродот се најде во дострелот на иранските ракетни системи.
Командантот на иранската воена морнарица Шахрам Ирани изјави дека доколку непријателска група носачи влезе во дострелот, ќе следат „разорни напади“.
Тој додаде дека иранската морнарица има „целосна поморска доминација“ во Персиски Залив, како и контрола над Ормуска Теснина и надзор над движењето на странските воени флоти.
фото: Архива




