Командантот на германската армија, Еберхард Зорн, денеска го предупреди Западот да не ја потценува моќта на руската армија.

„Поголемиот дел од руските копнени сили моментално се окупирани во Украина, но без оглед на тоа, не треба да го потценуваме потенцијалот на нивните копнени сили да отворат нов фронт“, рече генералот Зорн, највисокиот офицер на Бундесверот, додавајќи дека Русија „многу способна” за тоа.

Покрај копнените сили, Русија има на располагање и морнарица и воздухопловство, предупреди тој.

„Поголемиот дел од руската морнарица сè уште не е вклучен во војната во Украина, а руските воздухопловни сили сè уште имаат значителен потенцијал што исто така претставува закана за НАТО“, рече Зорн.

Генералот уште посочи дека Бундесверот редовно ги поддржува мисиите на НАТО за воздушна одбрана, со борбени авиони во водушниот простор над балтичките земји.