Стравот дека вакцинацијата со еден и ревакцинација со друг вид вакцина е опасна е неоснован, пишува агенцијата АГИ, која ги цитира зборовите на советникот на комесарот за вонредни ситуации, Гвидо Раси.

„Напротив, мешавината на вакцини ги зголемува антителата. На пример, оние кои се имунизирани со AstraZenecа и ревакцинирани со Modernа или Pfizer развиваат повеќе антитела“, тврди Раси, кој беше извршен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Според него, комбинацијата на вакцини не е нова и не е експеримент што се прави со лекот против ковид-19.

Мешањето на вакцините веќе е користено со, на пример, вакцините против хепатит А.

Агенцијата потсетува дека Италија не е прва европска земја што „комбинирала“ вакцини против ковид-19.

Ова е веќе сторено во Франција, Германија, Данска, Шведска и Англија.