Свечената комеморација по повод смртта на градоначалникот на градот Загреб Милан Бандиќ, ќе се одржи во вторник, во Хрватскиот народен театар, Трг Република Хрватске 15, додека погребот ќе биде в среда, на градските гробишта Мирогој.
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, почина од срцев удар во текот на ноќта, на 66-годишна возраст. Д-р Младен Бучиќ, директор на болницата Свети Дух, каде почина Бандиќ за Н1 изјави дека градоначалникот доживеал срцев удар и, за жал, починал.
„Живееше за својот град, за загрепчанките и загрепчаните, кои му беа на прво место во сè што правеше, за работата што ја вршеше со љубов и енергија, внесувајќи се целиот – без остатокот, 21 година“, се наведува во соопштението од Град Загреб.