Американскиот државен секретар Мајк Помпео најверојатно ќе побара рускиот претседател Владимир Путин да има средба со американскиот колега Доналд Трамп за време на средбата на Г-20 во Осака, следниот месец.
Според весникот „Комерсант“ барањето за преговори на „највисоко ниво“ е веќе упатено.
Заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека прашањето веројатно ќе биде поставено за време на утрешната посета на Помпео на Сочи, каде се очекува да има средба со Путин и неговиот руски колега Сергеј Лавров.
„Комерсант“ информира дека извори блиски до Стејт департментот ја потврдиле информација, како и дека барање за средба е веќе упатено.