Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во петокот отпатува во градот Мар дел Плата за да го следи во живо шоуто „Фатима 100%“ во кое настапува неговата девојка Фатима Флорез, пишува Блиц.

Актерката и комичарка изведува имитации на меѓународни пејачи, како што се Тејлор Свифт и Тина Тарнер, како и политичари, како што се поранешната потпретседателка Кристин Кирхнер и самиот Милеи.

Кога претставата заврши околу полноќ во театарот Рокси, Фатима му се заблагодари на либералот што присуствувал.

Среде врисоци и аплаузи, Милеи излезе на сцената и ја поздрави Фатима со страсни бакнежи во уста.

По гестот на наклонетост, Милеи накратко ѝ проговори на јавноста за економската состојба во Аргентина. – Ни оставија бомби насекаде. Ни претстојат тешки месеци, но ќе вредат – рече претседателот завршувајќи го говорот со „Да живее слободата, човеку“, пренесува Блиц.