ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗГЛЕД НАБАВЕНИ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГИ ДАВА ДА ГИ ВОЗАТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК!

Власта на СДСМ во режија на градоначалникот Петре Шилегов, убедливо продолжува да ја потценува интелигенцијата и способноста за помнење на граѓаните!

Електромобилите кои беа набавени во 2014 година со цел да им служат на граѓаните и туристите за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на Скопје, денес, градоначалникот Шилегов ги промовира како сосема нов проект со цел за некакво божемно одржување на поголемите градски паркови.

Го прашуваме Шилегов: Како е можно ЈП „Градски паркинг“ да донира веќе донирани електромобили? и Дали со овој потег ги лажете граѓаните или се лажете самите себе?!

Уверени во вашата крајна безидејност, граѓаните нималку нема да се чудат зошто ги препишувате проектите од владата на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе се чудат за ова чудна пренамена на целта за која беа набавени електомобилите!

Што добивме од целава приказна?!

Наместо граѓаните и туристите да добијат електромобили за туристичко разгледување на градот, кој благодарение на претходната власт не може во краток временски период целосно да се до разгледа со пешачење, вработените на Град Скопје си добија електомобили за да си се возат низ градот!

А….кој ќе работи?