До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ континуирано пристигнуваат поплаки. Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои имаат потреба од истата.

Ги охрабруваме сите кои се соочиле со проблем да продолжат да ги доставуваат до Комисијата на следниот маил:

komisijazazdravstvo@gmail.com

Истите ќе бидат разгледани во доверлива постапка.

Со пријавување на неправилностите целта е да се работи на надминување на истите, бидејќи се соочуваме со целосно растурен здравствен систем.

Во меѓувреме, од Министерот за здравство очекуваме информација кои се корективните мерки што ќе ги преземе раководството на Клиниката на онкологија за вакви немили настани не се повторуваат.

До кога ќе се разгледува КАТО системот и дали има одлука за негово активирање. Дали единствено ќе се најде оправдание во решението вработените на Клиниката дека заеднички „ќе одлучувале” за терапијата.

Линк од Фејсбук објава на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: