Комисијата препорачува намалување на изолацијата од 10 на седум денови

/ 21.01.2022

Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека Комисијата за заразни болести препорачала намалување на изолацијата на лицата позитивни на коронавирус, од десет дена на седум.

-На мое барање денес беше свикана средба со членовите на КЗБ, при штоа разговаравме за најновата ситуација со Ковид-19. Врз основа одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, Комисијата бара да се намали изолацијата од десет дена на седум, изјави Сали за ТВ Сител.

Сали информира дека препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.


Од истата категорија