Јунаците имаат само датум на раѓање, а денеска е твојот, објави сеќавање и почит навивачката група Комити Скопје на прерано починатиот комита Никола Саздовски – Саздо.

-Јунаците имаат само датум на раѓање, а денеска е твојот! Ќе наздравиме повторно во твоја чест, за твоето име и во твоја слава, на Свети Никола. И виното повторно ќе го има горчливиот вкус. Почивај во мир Саздо, брату наш… порачаа Комитите преку Фејсбук.

Другарите од навивачката група Комити се потсетија на својот другар кој беше убиен пред годинаипол во Скопје.

На 29 јуни 2018 година на автобуска постројка во Автокоманда Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа му пришле на сега починатиот Саздо, му побарале лична карта, им дал, и откако се увериле дека е тој, го нападнале.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

За убиството на Саздо по 19 години затвор добија двајцата првообвинетите Бесир Беља и Скендер Демири.