Компанијата „Покемон“ соопшти дека наредната 2020 година ќе пушти во продажба нова видеоигра, што ќе се фокусира на времето кое играчот го минува спиејќи, за разлика од претходниот хит „Покемон гоу“, која ги наградуваше луѓето за физичката активност.
Новата игра „Покемон слип“ има за цел да го претвори спиењето во забава… Ќе бележи кога играчите одат в кревет и кога се будат. Повеќе подробности не се откриваат.
– Со „Покемон гоу“, пренесовме порака дека основното движење на луѓето – одењето може да стане забава… Истото сакаме да го постигнеме и со „Покемон слип“ Играчите ќе уживаат во добриот сон заедно со Покемон, а и будењето ќе им биде задоволство, рече претседателот на „Покемон“, Цунеказу Ишихара.
Исто така, „Нинтендо“ најави продажба на нова верзија на уредот „Покемон гоу плус“, што играчите ќе можат да го спојат со својот паметни телефони, така што да не мораат цело време и да гледаат во екранот.