Наќе ЧУЛЕВ
Читам денес во некои од медиумите дека Оливер Спасовски „ме моли“ да ги потпишам бонус платите за полициските службеници.
Навистина нема потреба од молби. Ниту на сон не ми паѓа како министер за внатрешни работи да ги злоупотребам правата кои на вработените им се загарантирани во колективниот договор, закон за работни односи и законот за внатрешни работи, токму онака како што тој – Оливер Спасовски го правеше тоа во изминатиот период.
Помина времето кога во министерството за внатрешни работи се злоупотребуваа правата од работен однос и кога работите се решаваа со „молби“ или пак со партиски или политички директиви.
Дојде време кога во Министерството за внатрешни работи се почитуваат законските прописи, кога се ценат и наградуваат добрите работници и кога работниците напредуваат само по неколку критериуми: стручност, компетентност, успешност и професионалност во исполнување на своите работни обврски.
Во неколку наврати во изминатиот период покажав дека вработените и нивните синдикални организации се партнер со кој работам и така ќе остане во иднина. Заедно со нив и во иднина ќе ги градиме и унапредуваме правата на полициските припадници и овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи.