Британскиот крал Чарлс и неговата кралица Камила денеска во Јорк доживеале непријатно изненадување кога некој почнал да ги гаѓа со јајца.
Кралот и кралицата биле на кралска должност и разговарале со толпата кога некој почнал да фрла јајца во нивна насока.
Веднаш реагираше и полицијата.
Потоа беа видени полицајци како го задржуваат осомничениот, влечејќи го на земја зад оградата што беше подигната за денешната посета на кралот.
Кралот Чарлс и Камила беа пречекани во градот од локалните лидери кога демонстрант фрли неколку јајца во нивна насока. Сите јајца ги промашија.
Толпата извикуваше: „Боже, спаси го кралот“
Кралот и кралицата потоа биле придружувани од обезбедувањето и локалните емисари. Напаѓачот извикал: „Оваа земја е изградена врз крвта на робовите! Потоа полицијата го приведе.
Другите луѓе од толпата почнале да скандираат „Боже чувај го кралот“ и „срам да ти е“ на осомничениот.