Светски познатиот хор на Националната кинеска опера вечерва во Македонската филхармонија во Скопје ќе одржи гала-концерт насловен „Кина се сретнува со Западот“.
Хорот ќе настапи во придружба на пијанистката од Швајцарија, Џао Мелодие, под диригентската палка на Џао Јуан и Џоу Хаоју.
Гала-концертот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина и Координативниот центар за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, по повод Четвртиот министерски форум за културна соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ (17+1).