Пијанистката Дуња Иванова вечер од 19 часот ќе одржи концерт насловен „Сигнали“ во Зелената градина на покривот од Градскиот трговски центар во Скопје.
На програмата се премиерни изведби на пиесите на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на Рејдиохед од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен.
Концертот е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година, а се реализира со поддршка на ГТЦ Скопје и во согласност со препораките за заштита од Ковид-19.