Американската ѕвезда Анџелина Џоли вчера ја почнала постапката за формален развод од Бред Пит, иако некогашната двојка не е заедно веќе две години.
Адвокатите на Џоли се појавиле пред судот во Лас Анѓелес со барање разводот да се заврши во 2018 година. Во документот што е поднесен во судот, Џоли го обвинува својот поранешен сопруг „дека не одвојува пари за децата“ веќе една ипол година. Џоли сега бара сумата да биде исплатена ретроактивно.
Портпаролот на Пит не сакал да дава коментари за поднесеното барање за формален развод, постапка која согласно договореното ќе се води пред приватен судија и нема да се изнесуваат јавно детаљи. Меѓутоа, страната на Пит истакнува дека актерот „секогаш ги исполнувал ветувањата“.
„Венити фер“ објави дека сега се водат преговори меѓу Џоли и Пит околу старателството на децата, а не за финансиските клаузули. Двојката има шест деца – биолошки и посвоени.