Од голем дел од БиХ денеска доаѓаат лоши вести . Поплави во голем број градови, патишта затворени поради лизгање на земјиштето, во Мостар бура, а во Дрвар падна и снег.

Да не биде толку црно, се погрижи еден фотограф од Требиње, кој денеска објави фотографија на младоженец и невеста како трчаат со насмевка на лицето по дожд.

Оваа прекрасна фотографија, која беше објавена денеска, е создадена пред десет дена, а нејзиниот автор е познатиот фотограф од Требиње, Жељко Будимир Кеко.