Џулијан Асанж, кој веќе седум години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон , денеска, конечно, излезе оттаму. Британските власти ветија дека нема да го уапсат, а не му се заканува ниту екстрадиција во САД.
Првиот човек на Викиликс, преку кој беа објавени десетици илјади документи непријатни за многу влади во светот, имаше добри причини да стравува од лутината на американските служби и тамошното правосудство. Затоа пред речиси седум години побара азил во амбасадата на Еквадор и остана да живее во 20-ина квадрати во дипломатската зграда во Лондон.
Се ќе беше добро, да е така. Но, ова е првоаприлска шега на „Денешен“. Асанж, како пример, за да потсетиме на „демократијата, човековите слободи и права“ во најразвиените земји.