Екипата на Шкупи е единствениот македонски претставник кој имаше успешен настап во првото квалификациско коло во евро-куповите. „Чаирчани“ вечерва на гостувањето кај Лапи во Приштина одиграа 1:1 и по победата со 2:0 на првиот дуел одигран во Скопје, со вкупни 3:1 одат во следната рунда на Конференциската лига на УЕФА.
За разлика од Шкупи, Силекс не успеа. Кратовци загубија од молдавски Петрокуб со 1:0 со гол примен во последната минута од судиското надополнување и со вкупен резулат 2:1 се елиминирани.
Претходно во текот на денот, „излетот“ во евро-куповите заврши и за Струга Трим Лум по поразот во Скопје со 1:4 од летонска Лиепаја (1:1 прв натпревар).
Неуспешен настап во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите во вторникот имаше и Шкендија (0:1 и 0:5), но тетовци ќе имаат шанса за поправен во втрата рунда од квалификациите во Конференциската лига.