Најмалку 50 лица загинаа или исчезнаа кога се урна рудник за злато во Демократска Република Конго, соопшти локална невладина организација.
Рудникот се урнал вчера попладне во близина на Камитуга, на истокот од земјата, јавија британските медиуми.
Локалната невладина организација „Иницијатива за поддршка и социјална заштита на жените“ соопшти дека рудникот внатрешно се срушил и дека во тоа време во него имало 50 млади луѓе.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како стотици луѓе се собрани околу влезот во урушениот рудник, додаваат британските медиуми.