Денеска во Филхармонија се одржува првиот Конгрес на политичката партија Алтернатива, а не присуствува пратеникот Скендер Реџепи Зејди, кој минатата година ги спаси од губење на власта тогашниот премиер Зоран Заев и пад на неговата Влада.
– Не присуствував на конгресот бидејќи сметав дека тоа ќе биде попринципиелно од ставовите што јавно ги искажав пред неколку дена. Од моите јавни ставови, граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори кога ќе се имплементира Алтернатива-Владиниот договор, вели Реџепи за ТВ 21.
Тој пред неколку дена во емисијата Клик плус на ТВ 21 беше многу критичен кон структурите на партијата, особено кон претседателот Африм Гаши.
Тој порача дека Алтернатива нема зошто да остане во Владата доколку не ги исполни програмите за политички монтираните случаи.
– Доколку Владата не е во состојба во што е можно побрз рок да направи вакви нешта, тогаш нема причина зошто Алтернатива да биде дел од Владата. Ние имаме програма што ја ветивме, имаме наши точки. Сега не можеме да ги погледнеме луѓето в очи бидејќи не успеавме да ги реализираме програмските цели што ги имаме. Сто дена не се малку, вели Реџепи – Зејди.