Сите ние понекогаш смислуваме луди изговори да не мора да направиме нешто, но за еден коњ ова е навистина невообичаено. Повеќето луѓе ги гледаат коњите како енергични и атлетски животни подготвени за работа.

Но, како и луѓето, коњите имаат личност. Некои од нив само сакаат да се излежуваат. Запознајте го Џинганг кој ја усовршил оваа техника. Тој едноставно одбива да дозволи некој да го јава. Штом некој се обиде да седне на него, тој се фрла на земја и се прави мртов.

Многу потсетува на дете кое кога не сака да направи нешто, се фрла на под. Кога неговиот сопственик за прв пат седнал на него, изгледало се добро. Но, тогаш коњот одлучил дека туку така нема да може, па тој едноставно легнал на под, а со него и неговиот изненаден сопственик.

Сопственикот бил многу исплашен затоа што мислел дека станува збор за срцев удар. Но, кога ветеринарот пристигнал, коњот станл и се шетал.

(Мала шега, последните два пасуси се плод на имагинацијата, но сопственикот некако морал да открие дека неговиот коњ е многу мрзлив, па зошто не на ваков начин).

El caballo que se hace el muerto para que no le montén ??????

Gepostet von Frasisco Zalasar am Freitag, 4. Oktober 2019

Но, Џинганг навистина се паѓа на земја веднаш штом некој сака да го појава. Понекогаш паѓа откако човек ќе се качи на него. Откако ќе падне, погледнува претпазливо наоколу за да се погрижи дека сите заминале. Потоа станува и оди да прави што сака. Толку многу пати се правел мртов што ја усовршил техниката – сега ги превртува очите, го плази јазикот и ги става нозете во необична позиција.

Но, поради неговата необична личност, тој стана ѕвезда на интернет. Ако луѓето не можат да го јаваат, барем ќе се насмеат на неговите будалштини.