Битола се движи кон иднината како модерен, зелен и европски град, а кандидатот за градоначалник Тони Коњановски го промовира проектот „Вело Битола“. Според него, градот ќе се трансформира во вистински Вело град со безбедни и еколошки поврзани велосипедски патеки.
Покрај досегашните пет километри велосипедски патеки, планирано е нивно проширување за поврзување на целата Битола. На улицата „Филип II Македонски“ ќе се реконструираат тротоарите и ќе се изгради нова вело патека од Јавор до кружниот тек на влезот од Прилеп.
Проектот предвидува и воведување платформи за изнајмување велосипеди на брз и практичен начин, нови велосипедски паркинзи, како и продолжување на субвенциите за велосипеди, со цел граѓаните да имаат можност да изберат здрав и еколошки превоз.
„Вело Битола не е само проект, тоа е вистински избор за растеретен, здрав и еколошки град“, нагласи Коњановски, додавајќи дека ова е дел од неговата визија за современа и одржлива Битола.
ВМРО-ДПМНЕ