Недела е ден за победа на бројот 7! Ден за победа на Битола! Ова го истакна д-р Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола.
„Почитувани битолчани, дојде време секој од нас да одлучи дали ќе живее во Битола во која заедно и со работа ќе си го направиме живеењето подобро, ќе ја зачуваме животната средина со топлификацијата и гасификацијата на општината, ќе го унапредиме сообраќајот преку реконструкција и изградба на нови улици, ќе изградиме спортски комплекс во кој ќе се спортува и рекреира во текот на целата година, ќе го направиме Пелистер туристичка дестинација и за зима и за лето.
И најважно од се, дојде време секој од нас да одлучи дали својот глас ќе го даде за еднаков третман за сите, за општина која директно ќе ги поддржи локалните бизниси и занаетчиите со субвенции за секоја нова инвестиција која ќе донесе нови вработувања на нашите млади“, истакна тој.