На денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој истакна дека општината инвестира во делот на инфраструктурата  спортот со реновирање на стадионот, изградба на велосипедски патеки, боксерска сала и памп трака за рекреација.

„Во делот на инфраструктурата, сето она што го правевме секоја улица се работи за целосна реконструкција со водоводната мрежа, канализационата мрежа, фекална, атмосферска. Една од активностите која во последниот период ја работиме и првата третина е завршена, се првите 800-тини метри на влезот на Битола, рак рана на градот во делот на инфраструктурата, комплетна темелна реконструкција, со водоводна инфраструктура и комплетно булеварско решение. Направивме над 50 км улици не само во урбаните и во руралните средини. Улицата Бурса која го решава густиот транспорт, влезот спрема Охрид е дооформен со нов мост, Крушевска република е дооформена, една од најдолгите улици Стив Наумов и други“, рече Коњановски.

Градоначалникот истакна дека се вложува во спортот, со дооформување на стадионот, велосипедски патеки и памп трака како и тоа дека се прават паркинг простори за да се задоволат потребите на граѓаните и градското подрачје.

Во делот на одржување на објектите кои биле запоставени години наназад, тука е дооформувањето на стадионот Петар Милошевски, го спремаме во полн сјај за натпреварите што следат. Тој огромен проект на реконструкција на  јужната трибина значи многу за градот, во непосредна близина на стадионот Петар Милошевски е новата боксерка сала тоа беше една руина која години стоеше и го девастираше делот, се работеше на реконструкција на спортската сала, таа после многу години повторно го виде светлото и она што треба да биде исполнето за Лигата на шампионите. Веќе направивме два паркинг простори, а со новата проекција на Владата уште пет паркинг простори со кои ќе се задоволи потребата за градското подрачје. Битола издвојува огромни средства за поддршка на спортот, три професионални спортски клубови, над милион и пол евра годишно издвојува општината, во таа насока правиме многу. Првите велосипедски патеки ги завршивме, над 5 ипол километри, со комплетно обележување но не застануваме тука“, вели Коњановски.