Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на вечерашното испраќање на коњаницата на традиционалниот марш од во црквата Свети Петар и Павле во Лисиче.
– Традиционално во Лисиче на испраќање на Илинденската коњаница за славното Крушево. Борбата трае! Да е жива Македонија!- порача Мицкоски.
Тој на својот профил на Фејсбук објави и повеќе фотографии од испраќањето на учесниците на маршот кои ќе учествуваат на прославата на Илинден на 2 Август во Крушево.
Традицијата на маршот за Илинден од Скопје, односно од општина Аеродром во Крушево трае со децении, во чест на Илинденското востание.
Годинава кон Мечкин Камен и Крушево маршираат коњаници од повеќе градови од Македонија.