Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, велат од Зоолошка градина Скопје.
-Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.
Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот.