Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја заврши терапијата на лекување од Ковид-19 и веќе овој викенд може да се врати на своите јавни должности, изјави денеска неговиот лекар, Шон Конли.
Докторот кажа дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок на болеста, пренесе Би-Би-Си.
Според него, утре ќе биде 10-от ден откако му беше утврдена дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.
Трамп денеска повторно треба да биде тестиран на Ковид-19, а, како што рече, се надева дека викендов веќе ќе може да одржи нов предизборен митинг, најверојатно на Флорида.