Италијанскиот премиер Џузепе Конти денеска изјави дека би сакал жена да биде претседателка на новата Европска комисија.
– Би ми било многу драго да имаме жена за претседателка на ЕК, истакна Конте.
Лидери на ЕУ денеска во Брисел повторно се обидуваат да предложат преговори за именување за водечки функции за ЕУ институциите. Трет ден по ред лидерите ќе се обидат да изнајдат компромис за идниот претседател на ЕК. Во пакет се бираат претседател на Европски совет, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.