ЕУ постигна договор за формирање финансиски фонд за економско закрепнување од пандемијата, што ќе овозможи силен и ефикасен одговор на кризата, изјави утринава италијанскиот премиер Џузепе Конте.
– Задоволни сме што е усвоен амбициозен план за економско закрепнување кој ќе ни овозможи силно и ефикасно да се соочиме со кризата, рече премиерот на Италија.
Според Конте, 28 проценти од средствата од фондот за закрепнување на економијата на ЕУ , односно 209 милијарди евра се наменети за Италија.
Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.