Тренерот на Интер, Антонио Конте беше презадоволен од прикажаното на неговите избраници во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Шахтјор (5:0).

– Мислам дека моите играчи заслужуваат таква победа сто проценти. Според мое мислење, тие играа совршено од сите гледишта. Се обидовме да се увериме дека силните квалитети на Шахтјор не се пречка за нас. Задоволен сум од оваа борба. Ми причинува големо задоволство кога видов како моите играчи делуваат против такви талентирани играчи што ги имаат Шахтјор. Победивме со 5:0 против толку добри играчи и толку добар тренер, истакна Конте.

Интер ќе игра против Севиља во последниот натпревар од Лига Европа оваа сезона. Дуелот е закажан за 21 август во Келн.