Тренерот на Интер, Антонио Конте ги изнесе своите впечатоци по синоќешната победа од 2:0 над Хетафе во осминафиналето од Лигата на Европа.
– Многу добро знаевме какви проблеми може да донесе овој дуел. Хетафе започна добро. На почетокот на мечот тие беа посилни, но ние ја презедовме играта во свои раце и почнавме да играме со „пас“. Очекувавме дека ќе има „валкана“ игра, не се плашевме да влеземе во борба. Ова е одличен знак, бидејќи решеноста да се бориме за секоја топка понекогаш недостасуваше во текот на сезоната, изјави Конте за „Скај Спорт Италија“.
Предводникот на Интер е задоволен од пласманот во четвртфиналето.
– Да поминете понатаму е исто така шанса да стекнете искуство. Задоволен сум од настапот на тимот. Можеа да победат уште подобри. Лукаку постигна одличен гол, му требаше извесно време да влезе во ритам. Драго ми е што момците покажаа дека сакаат да продолжат и сè уште не се подготвени да одат на одмор, додаде Конте.
Во четвртфиналето Интер ќе игра со поуспешниот од средбата Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс.